За правилна работа на дигестивниот ситем, цревата треба да се празнат редовно, секој ден.
Најдобро е тоа да биде повеќе од 2 пати, но многу често се случува луѓето да одат во тоалет само неколку пати во текот на целата недела.
Ваквата состојба не смееме да ја сметаме за нормална. Најверојатно се работи за констипација, или народно познато како запек.
Терминот запек, а се среќава и како опстипација или констипација, се користи за опишување на ситуацијата кога дебелото црево не може да се испразни, иако се чувствува потреба за празнење.
Доктор
Обично, запекот е лесно решлив проблем, но доколку не му се придава внимание, може да премине во хронична состојба, која на долг рок може да има потешки последици.
Најчести причини за запек
Причините можат да бидат најразлични. Колку храната поспоро се движи низ дигестивниот тракт, толку повеќе вода се апсорбира од неа, со што фецесот ќе стане премногу цврст.
Најчестата причина која води до оваа состојба е недоволното хидрирање (пиење вода) и недостатокот од расителни влакна (фибер) во исхраната.

Прочитај повеќе на овој линк за Garlic PLUS решение за вашиот запек и опстипација
Но, констипација може да предизвикаат и низа на состојби и здравствени нарушувања, како:
◦ дијабет
◦ физичка неактивност
◦ старост
◦ стрес
◦ некои проблеми со тироидната жлезда
◦ оперативни зафати на делови од дигестивниот тракт
◦ бременост
◦ одредени терапии(прекумерна употреба на лаксативи, диуретиците, различните суплементи, медикаментите за Паркинсонова болест итн.)
◦ одложување на потребата за тоалет
◦ некои болести на цревата
◦ некои невролошки нарушувања