Започнува сезоната на јапонските јаболка, кои во голема мера успеваат на нашето поднебје.
Луѓето или го обожаваат или го мразат, што најчесто е резултат на рана консумација – присуството на танин дава чувство на „собирање на устата“.
Овој ефект се губи доколку јаболкото се остави да отстои уште неколку дена, со што се претвора во неверојатно слатко овошје. Исто така, постои сорта која се нарекува „чоколадна“ и не содржи танин, па може да се јаде уште додека е тврдо.
Ова овошје оригинално потекнува од Кина, но го добило името „јапонско“ поради неговата голема популарност во Јапонија
Comforta Сирупи
Здравствени придобивки:
1. Богат извор на растителни влакна
Растителните влакна кои се наоѓаат во јапонските јаболка го регулираат нивото на холестеролот и шеќерот во крвта. Освен тоа, помагаат за подобра дигестија и ги чуваат „добрите“ бактерии во цревата.

2. Изобилува со селен
Селенот е минерал кој има важна улога за имунолошкиот систем особено во создавање бели крвни зрнца (леукоцити), кои се борат против инфекциите во телото. Исто така, учествува во борба против слободните радикали и ја намалува веројатноста за појава на клетки на рак, особено на простатата, белите дробови, рак на дојка и дебело црево. При појава на рак, го инхибира неговото ширење и го чисти телото од штетните последици од радиотерапијата.
3. Содржи бета каротен
Уште еден моќен антиоксиданс кој во големи количини е застапен во храната со портокалова боја. Бета каротенот во човечкото тело се трансформира во витамин А, кој е чувар на видот и здравата кожа, бидејќи ја заштитува од дејството на сончевите зраци и поттикнува обнова на ткивата.
4. Изобилува со антиоксиданси
Антиоксидансите ги заштитуваат клетките од оштетувања. Еден моќен антиоксиданс е витаминот Ц, а едно јапонско јаболко содржи 20% од дневната потребна количина на овој витамин. Исто така, поради присуството на витамин К, го заштитува кардиоваскуларниот систем.