Во рана фаза внатрешните хемороиди не можат да се видат, ниту пак да се напипаат со прсти.
За нивното постоење показател е светло – црвената крв по празнењето на цревата. Тогаш, всушност натечените и зголемени вени можат да бидат повредени при празнењето на цревата.
Ваквите хемороиди треба да се третираат, во спротивно само ќе се зголемуваат и ќе излезат надвор од аналниот отвор.
Comforta
На почетокот, спонтано ќе се враќаат во цревото, за подоцна тоа да мора да се направи со прсти.
Општа информација
Хемороиди се еден од најчести здравствени проблеми на современиот човек. Најчесто се јавуваат на возраст од 45 до 60 годишна возраст, но современиот начин на животот и исрханата придонесуваат да таа граница драстично се измени кон доста помлада возраст.
Хемороиди се нормална анатомска структура на аналниот канал, преставени од венски садови и од сврзно ткиво, кои учествуваат во механизмите на задржување на столицата и гасовите, спречуваат несакано празнење и ни даваат чувство за конзистенција на столицата.

Што доведува до појава на хемороиди?
Постојат бројни фактори кои можат да доведат до зголемување на хемороидалните вени и најверојатно во создавањето на истите е комбинација на повеќе фактори. Исправената положба кај човекот повеќекратно го зголемува притисокот во ректалните вени, што понекогаш доведува до нивно зголемување. Исхраната, недоволно внесување на течности, долготрајно вршење на голема нужда (книга, новини, телефон), опстипација – запек, чести проливи, трудноќа, долготрајно седење – шофери, канцелариски работници, како и наследни фактори, води до ширење на венските садови, нивните зидови стануваат потенки, испадаат од аналниот отвор.








